Погледнете ја политичката или дури медиска сцена: главно станува збор за протагонисти чијашто професионалност и компетенција биле жестоко идеолошки „издрилани” во крутиот социјалистички концепт, во монопартизмот; така што, едноставно, нивниот интелектуален или психолошки рефлекс во суштина не е демократски, иако истите тие луѓе се расфрлани по разни партии, приватни и парадржавни медии и фирми, обидувајќи се што поверодостојно да ја играат симулацијата наречена плурализам.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)