Дење се правевме за Маркос - за него пеевме, за него собиравме класја, за него трчавме по угорнинката со сонот во очите, за него на морнарите им ја заземавме лединката, за него со боси стапала удиравме строев чекор по жешкиот асфалт, за него стоевме под жешкото сонце, за него го голтавме првиот сув пченкарен залак.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)