Согласно член 34, за повреда на работната дисциплина ќе се смета различното започнување и запирање на работењето за одделни категории вработени, како и сукцесивното распоредување на запирањето или сменувањето на различни групи на вработени или делови од претпријатието.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Судската постапка беше иницирана април и мај 2005, со две паралелни тужби против ЈП МЖ со кои Ристески, заедно со уште четворица негови колеги, бараше да се поништат,4 како незаконити, неосновани, необразложени и субјективно мотивирани: 1) Решението бр. 331/1 на Директорот на МЖ, од февруари 2005, со кое тој беше суспендиран т.е. отстранет од работното место5 со забранет пристап до донесувањето отказ поради кршење на работната дисциплина; 2) Одлуката бр. 02-463/1-1 на УО на МЖ, од март 2005, со која му се одбива приговорот и се потврдува првичното отказно решение; 3) Одлуката бр. 02-519/1 на УО, исто од март 2005, со која му престана работниот однос со отказ без отказен рок; 4) Одлуката бр. 02-931/1-4 на УО на МЖ, од мај 2005, со која му се одбива приговорот против претходнонаведената одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Според Ристески, вака се однесуваат директорите во скоро сите 48 јавни претпријатија – а ние во потполност се согласуваме со ваквата констатација која досега и емпириски е потврдена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одредено ограничување за работниците кои се вработени на неопределено време преку овој закон да не го прекинат работниот однос по свое барање, да ги исполнуваат обврските и да не ја кршат работна дисциплина претставува одредбата според која за повторното вработување на оние работници на кои им престанал работниот однос по наведените основи работодавците нема да можат да ги користат поволностите од овој закон (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)