Напротив, тие се многу основани – работата е само во тоа што основата им е во нашето општествено постоење, а не во природата на нештата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи машките геј-практики честопати се пројавуваат во детството, долго пред почетокот на сексуалната активност, и бидејќи изгледа во голема мера се неповрзани со каква било сексуална активност, искушение е да се смета дека претставуваат појава што е сосема независна од еротскиот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените конструкции, со други зборови, не се неточни и погрешно е да се смета дека општествената анализа имплицира дека темелните интуиции за светот ни се заблудени и неосновани.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, да се бараат општествените основи на субјективитетот не значи да се побиваат најдлабоките чувства и интуиции на луѓето и да им се сведуваат на статус на обични илузии и делузии.359 Тоа, едноставно, значи да се објаснуваат.
Втората премиса ми е дека работните обрасци на машкиот геј-субјективитет не треба да се стремат да ја оградат родовата ориентација од сексуалноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)