Го одредив своето парче за сликање и поставив работна плоча пред прозорот, но и понатаму ролетните ги оставав спуштени.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Главно се наоѓаше во состојба на распаѓање - посебно ѕидовите беа во лоша состојба.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Она што навистина ми пречеше се телевизијата и радиото кои ги програмираа луѓето да бидат тажни. (...) Неколку месеци подоцна дознав дека зградата на компанијата за куки и јажиња ќе биде раселена, па затоа во ноември најдов друго поткровје каде Џерард и јас ја пренесовме целата опрема - платното, боите, четките, ситата, работните плочи, радиото, крпите, сѐ - во новиот простор кој наскоро ќе стане Фектори. (...) Фектори беше голема околу 20х30 метри и имаше прозорци свртени кон југ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ми беше мило што Кенеди беше претседател; беше симпатичен, млад, паметен - но не ми значеше многу што е мртов.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Многу од нив сум ги видел во Сан Ремо, а малку подоцна се запознав со сите оние кои навраќаа - Ротен Рита, Мајорот, Бирди, Дачис, Силвер Џорџ, Стенли Желката и, секако, Поп Ондин.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Задниот дел од поткровјето постепено стануваше Билиева област. (Били беше еден од првите Фектори- момци).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)