9 Заклучоците до кои се дојде се фрапантни и само ја потврдија првичната хипотеза дека, во т.н. транзиција, всушност систематски е спроведуван проектот на работничка гилотина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Прикажаниот биланс од политиката на работничка гилотина доста јасно, за секому да му биде очигледно, покажува што е жртвувано, кои права повеќе не постојат за да се постигне таа „возвишена“ цел со опскурно име „флексибилност на пазарот на труд“.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Тоа ни дава за право да тврдиме дека покрај доста рекламираната регулаторна гилотина, во Македонија и од страна на СДСМ и од страна на ВМРО ДПМНЕ се спроведува политиката на работничка гилотина, на намалување на работничките права со цел да се овозможат повисоки профити за оние што милозвучно се нарекуваат инвеститори и претприемачи, а чие најпрецизно име е – капиталисти.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)