Но, се воведоа и три нови права: • правото на работникот или работничкиот претставник на синдикално образование (чл. 154, ЗРО/05); • правото на платено отсуство од работа заради образование од сопствен интерес, и тоа само за деновите кога работникот првпат го полага испитот (чл. 155, ЗРО/05); и • правото на платено отсуство од работа заради вршење на функции или обврски кои произлегуваат од посебни закони (пр. непрофесионални избрани функции, судии-поротници, воени обврзници и/ли резервисти, како и при вршење одбранбени должности, должности на заштита и спасување и сл.) – чл. 150, ЗРО/05; д) во сферата на мирување на правата и обврските од договорот за вработување, покрај дотогаш постоечките случаи (при неплатено отсуство, при избор или именување на државна или јавна функција и при упатување на работа во странство), се прецизира и мирувањето во случаите на: (1) притвор; (2) изречена казна или воспитна односно заштитна мерка, за период пократок од шест месеци; (3) отслужување воен рок; (4) вршење цивилна служба со надомест и (5) во други случаи определени со закон.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако судот не може врз основа на изведените докази со сигурност да утврди некој факт, за постоењето на фактот ќе заклучи со примена на правилата за товарот на докажувањето [onus probandi] (чл. 208, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
6. Работникот и работничкиот претставник имаат право на синдикално образование, согласно со колективен договор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)