Приговарајќи дека Ахил е „тврд“, Ајант изнесува радикален аргумент што го признава несразмерното растојание во општествениот живот меѓу она што го чувствуваме и она што можеме да го сториме во врска со тоа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму тука Ахил ја изнесува намерата да одбие каков и да е материјален надомест за општественото унижување и за емоционалната штета што ја истрпил од Агамемнон.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа несразмерност, укажува, е истовремено и последица на човечката смртност и генеративен извор на симболичните општествени норми чие обештетувачко фунционирање ги дава единствените средства за премостување (но не и за затворање) на јазот помеѓу човечкиот субјективитет и човечката општественост:
… и од убиецот зар на братот ќе земе
или за своето дете убиено откуп си прима;
та си останува оној, што отплатил многу, во градот,
овој пак срцето своје и гордиот дух ќе го смири,
кога ќе добие откуп; а бозите в градите тебе
лош и непомирлив дух ти ставиле...
(Хомер, Илијада 9. 633-637; прев.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Трагичната нужност да се прифати, наместо да се отфрли, неминовниот расчекор помеѓу чувството и неговото изразување ја дава поентата на прекорот што Ајант му го изрекува на Ахила во Деветтата песна од Илијадата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)