радосен (прид.) - вест (имн.)

Пријателите, кои уште од раното утро беа разбрале за радосната вест, влегуваа во маената, весело го поздравуваа и му честитаа: - Да ти е жив синот, да ти е жива одмената!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Гавазите не чекаа повеќе. Се фрлија на коњите и со радосни извици како ветер летнаа накај Охрид, да му ја однесат радосната вест на пашата дека, најсетне, склони момата на неговата љубов - го прими подарокот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сакам да ви соопштам една радосна вест!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Честитам! - додека на лицето на докторот јасно се гледаше насмевката од радосната вест, Рада стоеше како извадена од калап и бледа како смрт.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Додека Јана му вртеше на Никодина, Ѓорѓе радосната вест ја сподели со Раде и Анѓа, која беше крајно незаинтересирана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Размислувањата на Томо повторно ги прекина Рада соопштувајќи му ја и втората радосна вест.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден ден дојде во болничката соба и ти ја кажа радосната вест: "Тато, го положив последниот испит".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа Радосна Вест Бог одамна ја вети, преку пророците свои, во Светите писма.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Од Павле, во служба на Исус Христос, повикан од Бога да бидам Негов апостол и да ја проповедам Радосната Вест.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Видувајќи го човеков на сон како жив пред себе, та гледајќи ја потребата негова по верба, сеќавајќи ја духовната глад негова по спасението што на душите човечки им го носи Радосната Вест, дека Он воскресна та нѐ избави од злото, се упативме кај вас, браќа мои, во вашата Македонија“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но Петар, како човек кој во душата никогаш не го засака пишувањето, оти се раѓаш или како писател или како рибар, не сфати дека не е важно дали сите тие луѓе кои жедно ги голтаа нивните проповеди и поуки ќе им ги разберат зборовите токму онака како што тие, проповедниците на Радосната Вест, сакаа да бидат разбрани.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ни велиш оти си дошол кај нас со љубов и со чисто срце да ни проповедаш за Радосната Вест, како апостол на Христа, најблизок до Учителот во зборовите и во делата свои.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога почнаа да го навредуваат во Коринт, луто им рече дека можат слободно да загинат, оти тој веќе нема намера да им проповеда ним и ќе оди кај другите народи, кои полесно ја разбираат Радосната Вест и повеќе веруваат во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Брзаше да стаса дома и да им ја соопшти на мајка си и на сестра си радосната вест.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
А со деновите што одминуваат, одвај забележливо се враќа во нејзините очи онака како што на каменот се појавува лишај и како што коренот се пробива низ кремени.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа својата радост ја плати со вечно тагување, приврзаноста - со исчекување и страдање. И, ете, сега го загуби и синот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нејзиното чекање бели книги од Ристо и радосни вести за Ристо заврши со писменцето што ѝ го даде Пандо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Откако шефот на тунискиот протокол на претседателот на Републиката ми ја соопшти радосната вест, веднаш му телефонирав на амбасадорот Мајевски. И тој сакал да ми телефонира да ми ја соопшти радосната вест
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Проклет да бидам, го фрли камбанчето од своите раце и преку глава истрча во управата за да ја соопшти радосната вест.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш тој, везден трчаше за да го фати, да си го врати, Вејкрпа, ветрогон. А трчаше како да носи радосна вест.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)