радосен (прид.) - и (сврз.)

Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Додека раѓаш деца со крик радосен и болен Сакам твоите стапки да бидат збор ненадеен.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Во дворецот сите оро вијат Ноќта падна, не можат да спијат Радосни и среќни песни пеат Насекаде играат, весело се смеат.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во мракот нѐ товарија во тие големи камиони и тргаа и ние радосни и весели си мислевме дека се враќаме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не мислејќи повеќе на ништо, радосен и среќен извика: Па јас сум голем!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)