Авионот, како низ дупката на најголемиот геврек од Гинисовата книга на белосветските рекорди спокојно влегува во зоната на разбудените мечти и си ја крепи небеската самотија, мека, како душата на секој гладен крај Трансибирската и нежна како надежта на детето кое одоздоле вика: чичо, пушти летки, чичо, пушти летки!
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)