8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Една безбојна, измачена жена, со разбушавена коса и со испиено лице, стоеше пред вратата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од некоја причина Винстон ненадејно помисли на г-ѓа Парсонс, со нејзината разбушавена коса и со правот во превоите на лицето.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стојан Ванков виде разбушавена коса и тесни, скоро детски раменици и го пушти столот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Неизбричен, со разбушавена коса, ми се стори одеднаш стар, како да не беше нашиот татко.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
„Се готвел однапред“ - вели претседателот и го измерува Глигора од нозете до разбушавената коса.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Таа ја погали по разбушавената косичка, но јас почувствував дека не е доволна со напишаното.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Луѓето знаеја дека има нешто меѓу нив и секогаш кога тој ќе запееше за момата вљубена во морнар, таа се чувствуваше пријатно збунета. Тој нагалено ја викаше Попенс.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Стоеше на врата, каскетот накривен, а разбушавената коса му паѓаше на поцрнетото лице.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа беше како некоја погребна процесија. Но бесна процесија, во трк, со разбушавена коса, што подвриснува, настрвена кон север на некаква си церемонија.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)