Внатре беше топло, а разгорениот оган, пламенот што трепереше во огништето како во некоја игра фрлаше светлина по ѕидовите, а сенките играа создавајќи весела слика, ширејќи пријатност и топлина.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во сопчето е светло. Дали од разгорениот оган или од сонцето?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Притоа по лицето му помина отсјај од разгорен оган, во очите му забележав црвена точка како отвор на цевка од револвер.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Со вкочанети раце собираат суварки. Врз набиениот снег разгорени огнови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога Господ Исус Христос ќе се појави од небото со моќните ангели свои, со разгорен оган, ќе ги казни со вечна смрт сите оние што не сакаат да го признаат Бога!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За миг на осудениците им ги распараа алиштата со јатаганите, ги соблекоа и ги грабнаа по двајца јаки сејмени и дренкокош – едниот за глава другиот за нозе ги качија и ги бапнаа врз разгорениот оган.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во такви моменти не сакаше никој да му влегува во ателјето, па и жена му, а и кога ќ е влезеше тој само мигум и само со крајчето на окото ќе фрлеше поглед натаму, без најмал напор ниту пак желба да го препознае онега што влегол; а не пак да му прозбори или да му отпоздрави. Но овојпат, спротивно на нејзиниот навик, упадна жена му среде разгорениот оган на неговата творечка работа, И без да му остави и миг за да се сврти кон неа, прозборе со глас што одвај ѝ излезе од грлото: „На Нако му се слошило!”.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)