Татко со своите студии по шеријатско и модерно право на Цариградскиот универзитет, како старо-нов кадија, посебно внимание им обрна на заемките од областа на правно-судската терминологија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Заедно со okno.mk | Margina #15-16 [1995] 23 пријателите собравме разни документи што се однесуваа на него: фотографии, предмети, еден кус филм, како и работи настанати како инспирација од Мартон.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Отиде на работа. Средуваше разни документи и предмети, но со умот, срцето и некои други органи беше во неговата зграда, на петнаесетиот кат, онаму каде живееше Елена.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Набавивме разни документи и фотоси од делата на Бојс и од некои наши бивши концептуални обиди.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Од јазикот на народното творештво Татко издвои и некои заемки со кои биле означувани разни документи, прогласи, објави од страна на тогашната власт упатувани до своите поданици како што се зборовите: арзоал, молба, претставка (од персиски arousal); хатишериф, султаново писмо, ферман (од арапски hattiserif); бераат, указ, декрет (често за звање или одликување), (од арапски berat).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Покрај пет динамитни бомби, кај него биле најдени разни документи, од кои, наводно се гледало јасно дека му припаѓал на Револуционерниот комитет179.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Ги извади разните документи од турско време што ги имаше донесено со себе и оние што му ги даде игуменот и кметот, во кои се гледа дека манастирот и селата околу него: Езерец и Пискупие, плаќале данок и царина во Охрид, односно Охридска каза, а не во Корчанската каза со која манастирот се граничел во Турско време; дека пасошите на населението од овој крај се ваделе во Охрид; дека ревизија на алкохолните пијалоци во манастирот ги вршела даночната комисија од Охрид; дека плаќањето за ослободување од војна обврска се вршело во Охрид; дека пописите на приходите и расходите на манастирот, ги вршеле црковните власти од Охрид; дека во потврдите за исплатени пари на мајстори од селото Езерец што го обновиле манастирот, стои:
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)