Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Низ оној прозорец што е свртен кон исток, го гледа брегот и неговото зеленило од разни дрвја: бор, костен, даб, јавор, багрем, липа, леска, евла, како и по некоја питома или дива слива, круша, црешна, кои никнале сами преку семките донесени од ветрот или птиците.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И небото, и облаците, и пустињето, и витезите, човекот што го носеше крстот на грб, и шумите, и карпите, и разни дрвја и цвеќиња.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И така еден ден, додека другите играа топка, јас се искрадов низ оградата и по писокот ја најдов железничката станица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)