Тука имаме многу високи планини што имаат разен правец и образуваат котлини, одделени една од друга.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ми се чинеше дека ги гледам како се разотидуваат во разни правци и сфатив дека сум немоќна да ги вратам и да ги насочам кон Игбал.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Отиде право на караколот, го најде бимбашијата што го бркаше на „Соколот" четите и му кажа дека нападнале вчера вечер кај него и утре ќе денуваат на високата чука Маргара над нивното село.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Како ли се концентрирам, си мислев и му завидував што во Индија имаат специјални учители за концентрација на мисли.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Само двајца луѓе со по една маска излегоа на мракот од селото и тргнаа во два разни правци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)