Тоа е сега само најглавното средство во рацете на разни пропаганди со чисто национални и политички задачи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По забранувањето на весникот и затворањето на клубот, Дедов и Мишајков отидоа во руската престолнина и во меморандумот до руската влада и до Советот на С. – Петербушкото словенско благотворно друштво од 12.9.1902 год. меѓу другото пишуваат: „По завршувањето на Правниот факултет во Белград ние почнавме да го издаваме весникот Балкански гласник (Reviue Balcanique), чија цел беше да ги брани интересите на македонските христијани не само од угнетувањето од Турција, но исто така и од разните пропаганди, и да проповеда за самостојна Македонија во политички, национален и духовен однос.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)