разен (прид.) - сорта (имн.)

Јадења од разни сорти и вино во големи златни пехари, по трпезите долги поставени а преку нив сите наседнати.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Таа ме тера да играм модерни танци, да бидам талентирана, би сакала да држи салон за поети, самоубијци, чудаци од разни сорти и јас да ги служам со чај и ракија.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Почна да одгледува разни сорти кучиња: овчарско, миник, загар, лангач.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)