разен (прид.) - стока (имн.)

Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои: — Брак, коџабаши, брак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Солун е преполн со разна стока и излозите се убаво аранжирани, што привлекуваат секого.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Не пропушташе ниеден пазар во Битола, ниеден панаѓур во Солун, а да не оди таму со цели карвани коњи и магариња, а едно време и со камили, натоварени со разни стоки.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Рива Руж, шеталиштето сместено до самата песочна плажа, беа распоредени тезги со разна стока.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Првин докуцка низ Одун-пазар, па низ Туз-пазар, и колку што ќејф му направи што овие пазаришта си имаа одделни делови за разна стока, толку и некоја с'калма го фати: крупните ајвани од ајван-пазар, иако големи, му изгледаа осамени така одделени од ситнежот во којин-пазар; сушените риби пак од балук-пазар уште поосамени што не можат да се наредат како украс крај маќениците, урдата, сирењата и топките овча маст на чомлек-пазар.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На еден крај од пазариштето како поодделна од другите продавачи стоеше голема група од селани со разна стока; говеда, волови, коњи, кобили, магариња.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Носеа и разна стока од Албанија, купена или опљачкана.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)