Тоа се гледаше и потврдуваше кога во приказните што ги раскажуваше оживуваше разни чудовишта и самовили што никој никогаш не ги видел.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Така, познат е случајот кога Хавелок Елис (Havelock Ellis) го наговорил познатиот поет Јејтс (W.B.Yeats), да проба мескалин и кога овој халуцинирал разни чудовишта и змејови додека гледал во шарениот столб за огласи негде во Челзи.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Полин од мака, од јад, ја напушти куќата и се пресели да живее во Крапиштето - на малото островце обраснато со шевар и трски крај брегот од езерото каде што луѓето фрлаа алишта од умрените луѓе за маѓии, за покус, и каде што во старо време живееле разни чудовишта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)