А овие што ги пишуваат правилата и законите, иако се молат пред различни богови, секогаш клечат пред туѓи жени.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Да имаше, си помисли, ќе беше многу полесно, оти тогаш, како двајца што веруваат во различни богови, ќе седнеа и тој немаше да штеди од својата речитост, и од својата начитаност, и од своето време и од својата страст по Бога за да му објасни и да го убеди дека е во право.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Две верувања во два различни бога се невозможни, резонираше татко ми. Со тоа беше начисто.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)