Па токму затоа, преку различни механизми и репресивни методи, тие се обидуваат – логистички поддржани од страна на штетната синдикална бирократија и хиерархизацијата на „жолтите“ (мејнстрим) синдикати, да го пасивизираат 301 членството и да шират дефетизам меѓу работниците дека „што и да пробаат, сè би било џабе“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Токму затоа и „Ленка“ ги охрабрува незадоволните работници да покажат храброст, самопожртвуваност и активизам, па самите тие да иницираат формирање на свои борбени, бескомпромисни и автономни синдикални организации – бидејќи токму синдикализмот е најделотворната и светски проверена метода на работничка борба против самоволието на моќните работодавачи!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Односно, клучниот проблем е дека работниците, кои во ова себично време сосем ја изгубија меѓусебната почит и солидарност за туѓата мака и туѓото страдање – како да немаат сенс дека со истите проблеми во кои тие тонат, се соочуваат и најголемиот број од вработените во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)