различен (прид.) - правец (имн.)

Но бидејќи телото немаше никаква физичка реалност, карактерот на ликот можеше да се менува и да минува во различен правец и различен степен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Когнитивните научници во 70-тите години, од потполно различен правец доаѓаат до слични заклучоци, и нивните трудови им се многу попристапни на медицинските научници.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како квантумот на интелигенцијата на планетава да бил секогаш ист, но модалитетите на неговото манифестирање да се менувале во различни правци и со различни интервали.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
КРИСТИНА: Ми се тресат рацете, црвенеам без потреба, се потам, имам вртоглавици, гледам дупло, малаксана сум, не можам да станам од кревет, не можам да заспијам, ми чука срцето, се плашам од смрт, од живот, од луѓе, од животни, од мртва природа, се плашам од страв, се гушам, не можам да земам воздух, очите ми гледаат навнатре, ми бегаат во различни правци, ми се кочат ноѕете, ме следат, коваат завера против мене, сите ми се смеат, главата ми е мала како тупаница, главата ми е голема како тиква, ми бучи во ушите, слушам гласови, има уште некој во мене, ме тера на викање, ме тера на смеење, ме тера на молчење, гледам слики, мозокот ми се лепи за черепот, правам со денови исти движења, не правам со денови никакви движења, сега сум главица зелка, ме нема.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Балканската матрица на постојаното продуцирање на различја, макар со различни правци на одвивање на нивните животи, ги зближуваше на посебен начин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кејџовото влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус, долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар, се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и еластичноста на неговите обиди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓутоа, европските дела претставуваат хармоничност, драма или поезија, однесувајќи се повеќе на композиторот отколку на слушателот, и одат во различни правци за разлика од американските. okno.mk | Margina #10 [1995] 47
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И до оној кој е во опасност има луѓе, само свртени му се со грб, и не можат да знаат што му се случува, затоа што погледот на оној кој е во опасност, и нивните погледи, гледаат во различен правец, кон други пејсажи, кон различни неба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, гледаме кон различни неба.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)