Овој „политички“ аспект на прочитувањето на класичното дело може да изгледа парадоксален на прв поглед.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На пример, кога една комерцијална организација отвора нова гранка во некој друг град, таа праќа таму свои луѓе за да го одржат континуитетот, во однос на неформалните како и на формалните правила и рутини, кои на тој начин се реплицираат и организацијата го “раѓа” својот потомок. (...) Така, во согласност со двете линии на моето излагање - само-организацијата на експресивните знаци и еволуцијата на институциите преку рутини и репликација на правилата, може да се изведе заклучокот дека нашите домови им се слични на териториите на птиците - многу повеќе отколку во метафорична смисла. (...) Она што може да се заклучи на крајот, е дека еден ист процес (или поточно различни процеси во кои е вградена иста апстрактна машина) е тој што резултира во ентитети толку различни како што се човечките хиерархии, телата на животинските видови, дури и карпите - сите тие се структури во кои се обединети хомогени елементи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Затоа што на оваа генерација ѝ е потребно да воведе директни и спонтани односи со врвот на пирамидата и затоа што треба да се создадат сила и барање на позитивни идеали, кога иронијата повеќе не одговара.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но битката за власт и различните процеси за нова прерасподелба на овој авторитет претставуваат денес во Русија секојдневна преокупација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)