Се сеќававме на распоредот на татковите книги во библиотеката во различните фази на егзилот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ако фразата што гледачот ја внесува содржи некој од овие зборови, соодветната категорија е сигнализирана и поставена така да предизвикува пореметувања во различни фази на процесот на правење слики.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
А ние во нив баравме баш доказ на отпорност, потсвесна побуна на живото чувство против шемата што му се наметнува, знак на една борба што е овде, на секој цртеж поодделно, во различна степен изразена и се наоѓа во различна фаза.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На една хоризонтална греда беа наредени венчиња од колбаси во различни фази на сушење, некои веќе беа суви и истуткани, други сè уште беа лигави и влажни.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
6. Посебна заштита на одредени категории работници Со измените и дополнувањата на ЗРО во периодот на нашата анализа се интервенираше и кај посебната заштита на следниве 35 категории на работници – (1) работничка за време на бременост, раѓање и родителство; (2) младите лица; (3) повозрасните работници и (4) инвалидните лица, и тоа: a) најголем дел од овие измени ги третираа правата на работничките за време на бременост и по породувањето, а се сведуваат на следново: ● прво, беше предвидена обврска за работодавачот, штом добие известување дека некоја работничка е бремена, да воведе повеќекратно оценување на ризиците во текот на различните фази на бременоста, кои негативно би се одразиле на нејзиното неродено или новородено дете.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во различни фази од животот не престануваше да ме обзема картагинската метафора.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)