А и на Камилски кој си го носеше од поодамна својот недолечен чир. ѝ олесна и на Мајка, кога се смири куќата од секојдневните расправии на двајцата пријатели, понекогаш дури и остри, кога не успеваа да ја најдат рамнотежата на двата различни јазици, во некој збор или во некоја идеја.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ги продолжија, Татко и Камилски, како и во претходните времиња кога работеа заедно, старите расправии на бојното поле на двата различни јазика.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Плуралитетот не се прикажува така што се собираат одредени зборови или делови од зборови од различни јазици.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Камилски имаше уште многу да каже за поимот аир, имаше многу белешки пред него, но, сепак, реши да го заклучи своето излагање со уште една изведенка од зборот: Во балканските јазици е мошне често употребувана изведенката аирлија со значење со среќа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За да ги казни луѓето да не можат повеќе никогаш да се разберат меѓу себе, тој им одредил различни јазици, разделувајќи ги на сите страни на светот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Климент Камилски, кој на почетокот беше речиси дел од процесот за конечна пресмета со опасните турцизми, со текот на работата ја разбираше комплексноста на процесот, уверувајќи се, сепак, во тезата, која претходно ја оспоруваше дека Балканот бил вообличен и од византиско-османската ментална синтеза.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој, како и Татко, автодидакт во лингвистиката, по свој пат доаѓаа до сознанието од науката за постоењето на балканскиот лингвистички сојуз, до кој не беше дојдено со некаква присила или мировен договор, туку според логиката на долготрајниот соживот на балканските народи со различни јазици, вери, националности, обичаи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Низ неа слушав мноштво гласови, говор на различни јазици, но ниеден не можев да издвојам, да одгатнам, да запаметам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ќе ја кажувам на седум различни јазици.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Најчесто едниот зборуваше на едниот јазик, а другиот на другиот, без да бидат свесни дека разговараат на два различни јазика.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ние мешаме различни јазици во англискиот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Извлекуваше од своите историски книги, енциклопедии, на различни јазици аргументи од сите згаснати царства за големите умови кои го одржувале во историјата толерантното балканство како дел на европејството.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Италијанецот отпрвин се трудеше околу своите прашања и инсистираше на прецизни одговори, а потоа почна да се губи вртејќи се ту кон едниот ту кон другиот соговорник, додека овие во еден глас му го толкуваа сè погласно секој своето и тоа на различни јазици.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ми се гади од божемно преведување на различни јазици кога сѐ всушност е на еден единствен и ист јазик и ми се гади од него, а камоли да го преведувам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За ова сведочи значењето на терминот во различни јазици – од грчки и латински преку ирански и староанглиски, до словенските јазици.7 Секаде границата е ознака, линија повлечена на земја; бразда направена со плуг.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Разликите во натписите што ги сугерираат различните јазици сепак не го менуваат значењето на пораката.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Павиќевите дела имаат над 80 преводи во посебни книги на различни јазици во целиот свет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Овој ’лексикон’ во 100 000 зборови, критичарите и публиката брзо го прогласија за незаобиколно четиво на новиот век.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И мене, можеби како единствена утеха и можност да се доближам до Мајка, да исполнам некаков долг кон неа, којшто таа никогаш не би го побарала од мене, ми остануваат овие пишани зборови, на различни јазици, како сведоштво за една судбина и за едно опстојување.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Писателот на текстот веќе не е сезнаечкиот автор, оној којшто има директен пристап до вистината, туку место за средба на различни јазици/дискурси, искуства...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Колективен автор - тоа не е хиерархиски начин на работа на „инвестигивни тимови“ во коишто помладите соработници само го собираат материјалот за постарите редакциски волци стручно да го обработат, туку заедничка, колективна работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)