различен (прид.) - јазичен (прид.)

На еден неписмен, деликвентен член на банда, ние му нудиме максимално сигурна, домашна околина, набиена со медиумски тренери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во зоните каде што кохабитирале различни јазични групи, секој го познавал јазикот на соседот, барем колку да може успешно да тргува на пазарот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Културите или индивидуите кои сакаат да се променат мораат да користат различен јазичен медиум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Југославија, со своите делови кои биле под Османската империја (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Косово, Македонија), но и под империјата на Австро-Унгарија (Словенија, Хрватска, Војводина), можеби повеќе од било кои делови на Европа и светот, опстануваше во жилава инерција, се метаморфозираше, понекогаш се обновуваа рецидивите на синдромот на јаничаризмот, на невозможните манипулации на монархистичката, републиканската или идеолошко-тоталитарната власт со идентитетот на човекот кој живееше во различна јазична, етничка, верска, идеолошка и друга заедница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Должност на секоја култура е да создава услови за формирање добри книжевни преведувачи во различни јазични области; - Во ова издание се застапени и двајца македонски автори со заокружени опуси.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)