разумен (прид.) - суштество (имн.)

Јагулата што рибарот ја извади од реката ме потсети на разумно суштество склопчано во мрежата околу својот сон додека фенерот со мрзелива петролејска светлина бавно но грдо ја разголуваше. декември 2000
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Татенцето не еднаш ќе речеше; - Кога мечка научува да игра, што останува за разумно суштество.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зоре, разумно суштество, само ги подигна трите празни филџани и пепелникот полн со догорчиња од соседната маса и со неизмерната полунасмевка влезе во кафулето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ми дојде злобна помисла дека врз примерот на овие три часовници е тешко применлива разликата меѓу канаринецот што се обидува да стане птичји Павароти и папагалот, кој, пак, од своја страна, се труди да го имитира (со очекуван ефект на расипан грамафон).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Душата на животните е тесно поврзана со нивната физичка природа; таа е сврзана со материјата и не може самостојно да постои и делува; постои само додека постои животното, зашто тоа не е духовно битие како човекот; таа не може да господари со своето тело како душата на човекот; тие не се разумни суштества и не можат да мислат; тоа својство му е дадено само на човекот; тие имаат само сетилни нагони и инстинкти; а човекот, како мисловна природа, е свесен за себе си, мисли за вечноста, за бога, за својот живот, за своите постапки, и на тој начин го обновува своето постоење; има психички живот, а животните си остануваат онакви какви што се создадени - неразумни битија; движењата им се условени од надворешни и внатрешни влијанија и нагони кои произлегуваат од физичката потреба да се одржат себе си и своето потомство; немајќи разум, немаат ни апстрактни појмови: за добро, за лошо, за вистина, за убавина.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)