Величествената мермерна палата, извишена и расположена во медитеранската синевина, контрастираше со палатите на блиската, урната Картагина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овој град сиот е расположен во приодите кон морето, на оние места каде што било порано море, а чија вода работливите холанѓани ја повлекле кон морската шир, освојувајќи нови површини за градови, полиња и оранжерии за цвеќиња...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Томасовата црква, која е расположена во центарот на градот, зад „Ратхаусот“ е и најстара и најголема црква изградена пред повеќе од илјада години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јас не гледам ништо лошо во посегањата по моќ и помалку сум оптимистички расположен во поглед на политичката корисност на деконструкционистичката политика отколку што тоа е Корнел. (За други сомневања во поглед на оваа корисност види Thomas McCarthy 1989.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
„Колтук лукантаси“ се најбројните ноќни локали во Истанбул, а самиот збор значи: кафеана каде што удобно се седи, каде што се пие, седат и расположени во фотелја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)