„Од утре да си сакаш друг бригадир за твојата градежна бригада, чу?!“, со растреперени вилици и како да се наоѓаш под урнатините на твоето најскапо здание, што некогаш си го градел, а тоа сега се уриваше врз тебе, врз твоите раменици, те треснуваше по твоето чело, те толчеше по рацете, по лицето, в очи а, нозете ти беа тешки, како потонати и натрупани до над колениците во тие урнатини.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бошко, кој и тој, за чудо, досега не се беше помрднал како и Марко, земјосан и со растреперени вилици, наеднаш клекна пред својот господар и му ја позеде раката.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)