Со растреперени прсти извади бело марамче, го избриша челото, помина и по проседата растресена коса што му се спушташе до вратот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Без збор, таа ја отклучи вратата со растреперени прсти.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Сѐ преврте по таванот. Секоја штица, секоја греда, сѐ се најде под неговите растреперени прсти, но пушката не ја откри.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Самиот страшливец и понижувачки услужлив, беше секогаш преполн со желба да ги измачува другите, да се чувствува како ловџија што гони и пука во беспомошно животно.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Молчејќи, исполнет со својата и туѓата болка, Пандо се наведнува над Крстовица, ја фаќа под мишки и полека ја подига. Таа не се противи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ами каде тоа пред тебе, човеку? - Ајде, ајде, тргнувај.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Нејзиното око не погледна на друг маж откако Крсто си замина за Америка и ниту на еден маж таа не му дозволи да го допре нејзиното тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Дува во шепата, а откако го издувува чекласот, со растреперени прсти го чисти глотежот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сама! Сама, меѓу толку луѓе кои споделуваат иста судбина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
„Ристо на Дамовци од Крчишта загина. Погребан е под една бука на Аљавица.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не моли: туку наредува со шепот и со растреперени прсти го бара неговото тело.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
(Навистина, можете да се смеете, но јас никогаш не го изневерувам она што еднаш вистински ќе го почувствувам).
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)