И, за големо изненадување, на дното на вреќите, измешани меѓу оризот, беа најдени триста фишеци за пушки, динамит и десетина рачни бомби.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Димитар Керамичиев, Спасе Аврамовски, Кицо Нушков, клас поназад, си дозволија, преку дворот на ресторанот, од едно џепче во кое гледаше едно прозорче од задното крило на гимназијата, да ни уфрлат рачна бомба додека раководството на активот држеше состанок.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Од динамитот што останал по одвојувањето за минирање на Банката и дванаесетината колограми за диверзија на бродот, биле направени 70-80 примитивни рачни бомби.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Под строга стража, врзаниот кираџија, заедно со коњите, фишеците и бомбите беше отеран во Битола, право кај пашата.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)