Се извиши над себеси Ја крена раката со раширени прсти И видов кога тие прсти Го дофатија сонцето на сеопфатната нежност.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ја гледаше, ја гледаше низ раширените прсти, и можеби токму затоа што така долго и внимателно ја гледаше и ја испитуваше, таа му помогна да открие многу работи.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Тогаш ми ги покажа своите раце, со малку раширени прсти.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Годинките Маја си ги кажуваше само со кревање на едната рака, со раширени прстиња - пет.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Ја ведна главата, се подведна над него и, поткревајќи ги двете раце со отворени дланки и лабаво раширени прсти, силно го удри со левата нога во слабината.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)