религиозен (прид.) - посветен (имн.)

Фелоус прекрасно го доловува оној вид неиронична, религиозна посветеност што е карактеристична за некои машки геј-културни практики – посветеност што не е ни отворено кампеста ниту имплицитно сексуална, што никако не упатува на гејството и што повеќе има врска со целосната, сериозна, духовна внесеност во естетскиот предмет, кој се почитува и самиот по себе како апсолутна вредност и како бегство од сопственото јас, вклучително и од сопствениот сексуален субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понатаму, културните практики им даваат на геј-мажите вентили за страстите што му припаѓаат на ред наводно повисок од сексуалната активност и што дури може да спаѓаат во естетското, во духовното или во несебичното.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во целосната, несебична задлабоченост во бочно прилепените куќи од осумнаесеттиот век или во музичкиот театар или во сувенирите од Џоан Крафорд – во сите тие „исечоци, кутии цигари, ретки стари фотографии, писма, филмски ролни и колажни споменари“ во збирката на Нил Мачијевски (како што е опишана во списанието Аут травелер) – некои геј-мажи можеби гледаат можности за доживување силен занес каков што самата сексуалност, од која и да е причина, не им го овозможува и не може да им го овозможи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само помислете на Либерачи (кој во слободно време беше и реставратор на куќи): само благодарение на тоа што си изградил сложен вештачки идентитет на отмен и гламурозен уметник, на ширач на висока музичка култура, можеше да го поништи презирот што инаку ќе си го навлечеше затоа што беше онаква кралица.362 Нема сомнение, извесен дел од привлечноста на настраните културни практики за геј-мажите лежи токму во нивната далечина од отворената сексуалност: тие на геј-мажите им овозможуваат други облици на настран израз од оние строго сексуалните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)