Со истата измена е направено и дополнување во истиот член при што е предвидено дека дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не ги информира вработените, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој ризик на работното место како и за безбедносните мерки за елиминирање на штетните последици.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Беше корегирана и ал. 7 од чл. 56 со која е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на работодавач доколку не им дозволи на вработените, претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во дискусии за сите прашања кои се однесуваат за безбедноста и здравјето при работата. (чл. 10 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Дополнително беше дополнет и чл. 58 со што се предвиде глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност која ќе му биде изречена на правно лице доколку во рок од 48 часа не го извести органот на државната управа надлежен за работите од областа на трудот и претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените за секој смртен случај, колективна несреќа и повреди при 97 работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена како и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја згрозува безбедноста и здравјето на вработените.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се предвиде и дополнителна обврска за работодавачот кој мора веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да ги извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа за секој смртен случај, колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена неспособност за работа повеќе од три работни дена и за секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 8 од ЗИДЗБЗР/окт.14) 84 Закон за безбедност и здравје при работа, Сл. весник на РМ, 92/07.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Секое мало зголемување на работничите права најчесто катарзично се најавува од страна на Самостојниот синдикат на Македонија (ССМ) како репрезентативен синдикат, кој најчесто останува нем кога следат драстични кастрења на истите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Беше 93 Оваа комисија ја сочинуваат претставници на МТСП, репрезентативните здруженија на работодавачи и репрезентативните синдикати. 102 продолжен рокот, од 3 на 5 работни дена, во кој странката која ги добила предлогот и документацијата од министерството надлежно за работите од областа на трудот, треба да се изјасни дали прифаќа мирно решавање на спорот, а ако во овој рок надлежното министерство не добие одговор за прифаќање на предлогот за мирно решавање на спорот од другата страна, ќе се смета дека предлогот за поведување постапка не е прифатен (чл. 13 од ЗИДЗМРРС/14); б) исто така, беше зголемен рокот, од 3 на 5 дена од денот на прифаќањето на предлогот за мирно решавање на работниот спор, во кој страните можат да определат помирувач, односно арбитер од Регистерот.94 Ако тие тоа не го сторат во предвидениот рок, ваквата обврска паѓа врз министерството надлежно за работите од областа на трудот (чл. 14 од ЗИДЗМРРС/14); в) со бришењето на чл. 51 од овој закон (чл. 39 од ЗИДЗМРРС/14) се укина(!) правото на помирувачите и арбитрите на плата, придонеси и надоместоци од плата согласно со закон и колективен договор, па сега помирувачот, односно арбитерот имаат право само на надоместок за нивното учество во постапката за мирно решавање на работниот спор, кој паѓа на товар на надлежното министерство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Корегиран е и чл.13 при што за истиот е предвидено дека работодавачот при изборот на опремата за работа е должен да ги консултира работниците, претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативен синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа. (чл. 11 од ЗИДЗБЗР/окт.13) Дојде до проширување на прекршочни основи (од 10 на 11) за работодавачите правни лица, па така се предвиде глоба од 5.000 до 8.000 евра доколку не постапат по решението на инспекторот за труд и во определен рок не ги отстрани утврдените неправилности и недостатоци. (чл. 30 од ЗИДЗБЗР/окт.11) Освен работодавачот - правно лице, со дополнителната интервенција кај прекршочните одредби за прв пат се нормираше и глоба за работодавачот – физичко лице и тоа во висина од 700 евра во денарска противвредност за прекршоците од I категорија, (чл. 4 од ЗИДЗБЗР/фев.13), глоба од 1.500 евра во денарска противвредност за прекршоци од II категотија (чл. 5 од ЗИДЗБЗР/фев.13) и глоба во висина од 4.000 до 5.000 евра за прекршоците од III категорија. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/ фев.13) Од останатите промени значајно е да се спомене и промената која ја претрпеа основните одредби, со што се дополнија органите за кои нема да важи(!) овој закон, па така одредбите од ЗБЗР, освен за вооружените сили, полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување, нема да се применуваат и за работниците во Царинската управа. (чл. 1 од ЗДЗБЗР/окт.13) 98 ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИЈАТА НА ТРУДОТ Законот за инспекцијата на трудот е донесен во 1997 година87 и со него се уредуваат организацијата и работата на Државниот инспекторат за труд, државен орган кој врши инспекциски надзор над примената на законите и другите прописи за работни односи, вработувањето и заштитата при работа и на колективните договори, договорите за работа и другите акти, со кои се уредуваат и остваруваат правата, обврските и одговорностите на работниците и работодавците во областа на работните односи, вработувањето, како и заштитата при работа. (чл. 1 од ЗИТ).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Дополнително беше утврдено право на претставникот на работниците задолжително писмено да бидат известени од страна на работодавачот, веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа од настанот, за смртен случај, колективна несреќа и повреда при работа која предизвикува времена неспособност за работа во траење повеќе од три работни дена, како и за секоја појава која преставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа. (чл. 6 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Овие права, покрај претставникот на работниците за безбедност и здравје при работа, ги имаат и претседателот на синдикалната организација, односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на работниците таму каде што нема синдикат. (чл. 7 од ЗИДЗБЗР/окт.14)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Колективниот договор, во ваков случај, може да се склучи по добивањето на известување од МТСП до синдикатот, односно работодавачите кои доставуваат барање за утврдување на репрезентативност на синдикатот односно работодавачите кои имаат најголем број членови (чл. 9 од ЗИДЗРО/јан.12); б) дополнително се уреди структурата на Комисијата (за утврдување на репрезентативноста), која и понатаму е составена од 9 члена, но сега на предлог на Владата, се избираат само 3 претставника, по еден од МТСП, Министерството за правда и Министерството за економија, а останатите 6 места се пополнуваат со именување на 3 претставника од страна на репрезентативните синдикати и здруженија на работодавачи (чл. 10 од ЗИДЗРО/јан.12).33 Беше избришан и противуставниот законски текст во чл. 213-в, кој регулираше дека синдикатот е должен да достави и пристапници од своите членови, како доказ за членство на работниците во соодветниот синдикат.34 3.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Работодовачот во соработка со организаторот на практичната работа треба да изготват план за работните места кои се безбедни за извршување на практичната работа за студентите во рудниците во рамки на образовната програма. (чл. 9 од ЗИДЗБЗР/окт.14) Со истата измена е предвидено дека глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе му биде изречена на правно лице доколку не им овозможи на вработените непосредно или преку претседателот на синдикалната организација односно синдикалниот претставник на репрезентативниот синдикат или претставникот на вработените таму каде што нема синдикат и претставникот на вработените за безбедност и здравје при работа да учествуваат во утврдување на недостатоците како и во подобрување на условите за работа, како и доколку не се консултира и соработува со вработените и погоренаведените претставници за опасностите и последиците кои произлегуваат од изборот на работата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Него го формира Владата како советодавно тело кое е составено од 15 членови, од кој по четири претставници се претставници на репрезентативните синдикати и репрезентативните организации на работодавачите (чл. 43 и 44, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Доколку, пак, при склучувањето на колективен до- говор учествуваат повеќе репрезентативни синдикати, односно здруженија на работодавачи, се образува одбор за преговори чиј состав го определуваат токму репрезентативните асоцијации (чл. 221, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Односно, до престанок на дејствување доаѓа кога „така ќе одлучи надлежното тело на синдикатот, односно здружението на работодавачите, кое со статутот е овластено да одлучува“ за ова важно статусно прашање (чл. 28, ЗИДЗРО/окт.09); г) исто така, за прв пат, а со цел јакнење на социјалниот дијалог во државата и усогласување на конкретните мерки што се преземаат во сферата на економската, социјалната и развојната политика, се пропишува основање на едно советодавно тело, без поголеми изречни прерогативи за самостојно одлучување – наречено Економско- социјален совет, чијашто дејност се темели на потребата за трипартитна соработка меѓу Владата, репрезентативните синдикати и репрезентативните стопанските комори, при решавањето на економско- социјалните прашања и проблеми (чл. 246-247, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
А, пак, со новиот ЗРО (2005) се одреди дека работодавачот е должен, на најбројниот репрезентативен синдикат, да му обезбеди само про- сторни услови за вршење на дејноста, а на сите синдикати и нивните претставници да им овозможи навремено и успешно остварување на заштитата на работничките права, како и слободен пристап до пода- тоците важни за остварување на тоа право (чл. 199, ЗРО/05). 2.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
• второ, одредбата која предвидуваше дека работодавецот е должен да ги извести работниците, на кои ќе им престане работниот однос поради деловни причини, еден месец претходно – во случаи на поединечен престанок на работен однос, или во случај на престанок на помал број работници; а три месеци претходно – во случај на престанок на работниот однос на повеќе од 150 работници, или на најмалку 5% од вкупниот број вработени во претпријатието (чл. 136, ЗРО/03 – Пречистен текст) – беше променета на следниов крут начин: „Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлука за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини е должен, за причините на престанувањето на потребите од работата на работниците, за предвидениот број и категоријата на вишокот на работници и за предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работата на работниците – да го извести репрезентативниот синдикат кај работодавачот, а ако нема таков тогаш претставникот на работниците, и да се советува со нив за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици“ (чл. 95, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со истата измена, карикатурално беа намалени т.н. критериуми за репрезентативност – при што, на пример, кај синдикатите од 33% (1/3) се сведе на само 20% (1/5) и тоа само „од бројот на вработени кои плаќаат членарина“!?; а се воведоа и нови, таксативно наведени, законски услови за добивање на статусот репрезентативен синдикат за територијата на РМ, со што процентот опадна повеќе од тројно од првично пропишаниот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Од ова станува јасно дека за основање на синдикат на ниво на работодавач веќе не е задолжително негов упис во регистарот на МТСП, туку само во ЦР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Работодавачот е должен на најбројниот репрезентативен синдикат да му обезбеди просторни услови за вршење на дејноста; а исто така е должен – на синдикатите и нивните претставници – да им овозможи навремено и успешно остварување на правата како и пристап до податоците важни за нивно оствару- вање (чл. 199, ст. 4-5 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)