Ме напиваат и рибино масло, ама ниедна капка не останува во мене. Не можам да ја задржам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сипе и се поправа, ѝ велам. Јади, мори Небеско, ми вели, пијај рибино масло!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Заборав: поетика на помнењето
Заборавот е рибино масло
неизбришлива флека
врз коприната на меморијата
под којашто се препознаваат
акните на траумите
- изгубената смисла
- да се сонува
- да се негува
надежта.
Без помнеж нема изум-ување.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Камчиња к'о овесни снегулки (со рибино масло испрскани) Црвеноперки од солени стапчиња презаситени (со помада од алги негувани) Острови - плочки за табла вртење (пловечки монети од времето кога боговите „писмо-глава“ си играле)
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)