Во право сте другар Јаворов кога велите дека, со градбата на рибји патеки, односно со градењето на канал или нова рекичка до границата, заедно со градбата на хидроцентралите, ќе се потроши многу, многу повеќе отколку што ќе чини произведената електрична енергија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Меѓутоа, да претпоставиме дека би можело да се изградат паралелни рибји патеки.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Е, колку нѐ изврте човеков, токму како јагула, никако да дојде до вистинското прашање што му го постави секретарот за јагулите, за рибјите патеки, за да му се спаселе јагулите, - повторно коментираше Јагулче Дримски, но сега нечујно, онака за себе.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Такви рибји патеки се градени крај големи реки со брани и хидроцентрали во Америка, Канада.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)