Накратко, тоа е да го правиш она што инаку е културно невозможно – односно, што е невозможно за нормалниот свет: да комбинираш страст со иронија.323
Машката геј-култура, всушност, разработила особено, дисидентско гледиште кон романтичната љубов, камп-гледиште, кое стрејтовите честопати го сметаат за цинично, токму зашто неговата иронија – која ја нагласува изведбеноста на романтичните улоги – им изгледа дека ја поткопува сериозноста и искреноста на љубовта, а со тоа и ја омаловажува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не, тоа значи да ја прифатиш неавтентичноста што е во средето на романтичната љубов, да ја сфатиш романтичната љубов како општествена установа, како идеологија, улога, изведба и општествен жанр, а пак истовремено, самосвесно и без самоизмама, да ѝ подлегнеш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да си го живееш љубовниот живот како мелодрама, свесно и намерно да правиш така, се разбира, не значи да одбиваш да го сфатиш сериозно – како што ќе ти каже секој геј-обожавател на Џоан Крафорд, а сигурно и секоја оперска кралица.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби тоа е и она што ја зајакнува склоноста на геј-мажите да се идентификуваат со нејзиниот разулавен лик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој само се стреми да ѝ го направи дејството понетоксично – така што ќе ги направи вредноста и престижот на романтичната љубов помалку аксиоматски.
Преосвојувањето на ликот на Џоан Крафорд, воопшто, од страна на машката геј-култура и неговото ставање во инаков оптек, како и нејзината фасцинираност со таа една сцена од Милдред Пирс, можат да добијат посебна смисла ако се гледаат на ваква светлина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не гледа и не се труди да ја порази љубовта ниту да ни го оконча застојанато, религиозно обожавање на убавината.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, да ја омаловажуваш љубовта е и да ја разблагородиш, да го разбиеш романтичниот монопол врз неа, да ја направиш пошироко достапна, да ја впрегнеш во разновидни општествени примени и да ѝ ставиш крај на спротивставеноста меѓу љубовта и општеството, меѓу љубовта и пријателството, меѓу среќната двојка и заедницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)