Дури стоет глаа на рамена ти немат да умриш; туку за да видиме шчо ќе прајт брат ми, ако ме видел умрен, да пратиме на раскрсница луѓе, да вардат и, коа ќе се појавит, да ни кажат; а мије да се наручаме убоо и, коа ќе си идет, да ме покријеш со еден покроф, да ми запалиш сфеќа над глава и ватиш да ме тажиш!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Са ноќ стоеше сама крај прозорецот и нешто ги молеше пролетните ветришта.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тоа мислејќи се, са ноќ не сум заспал и се предумаф да те помола тебе, да се мениме со работиве: ја' некоја година да поседа дома, а ти да поеш на мојата работа!“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа приближило близу, шчо да мојт да се досегнит, стопанот го грабнал и му рекол: „Али глеаш и ти, шчо леташ толку високо, в' облацине, од рацете мој не мојш да куртулиш?“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Са ноќ слушаш како доаѓа и се враќа, во еден ритам кој повремено ти се губи како ритмичното чукање на часовникот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)