Секогаш така со нив, со „незнамитите“, кои биле сакани и величени само тогаш кога гласно свирела воената труба и најгромко удирале воените барабани. И тогаш им го земале зборот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Сакана и почитувана писателке, Ката Мисиркова - Руменова, почитувана директорке и мили наставници, драги соученици и соученички, имам голема чест да ве поздравам и да ја отворам денешнава долгоочекувана средба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
-Сите нас нѐ испревари на тој пат до херојството твојот син а мојот сакан и незаменлив другар и соборец Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но околу полноќ пак се вратија полицајците и во затворен воен камион ја кренаа и протераа од целото гратче саканата и почитувана старица...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)