сам (прид.) - го (зам.)

Дедот поп го ислуша коџабашијата и рече дека и тој одамна размислува, а кога, ете сега, тие сами го поткреваат тоа прашање, тој реши веднаш да им ја исполни желбата и да им го покаже својот наследник, на кого мисли да му го остави своето духовно стадо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Додека беше жива, Мајка сама го вардеше последниот распоред на Татковите книги, како негово свето присуство низ кое не престануваа неговите пораки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— А, така де, така. Ќе жениме Толето, ами как! Ете еден невеста повеќе во нашиот чифлиг — му се направи ќефот на Адема оти Трајковица сама го донесе разговорот за кој самиот тој дојде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со солзи и потно чело, на овој свет мајката сама го дочека, а на бебулето како да не му се напушта мајчината утроба- лулка мека.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Но кога видоа западните држави оти се излагани и оти Бугарија раѓа такви луѓе како покојниот Стамболов и живиот Свирчо, се успокоија и зедоа против волјата на Русија да го прават тоа што самите го расипаа во Берлин.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И сама го бакнуваше, посилно му се припиваше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Незадоволството кое и сама го имав искусено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Асја сама го одгледа својот син Иљми кој на петнаесетгодишна возраст замина, заедно со својот вујко Виктор, на работа во Швајцарија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не сакам да бидам само пожарникар. Гаснач на пожарот, што самата го предизвикувам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пиеја зашеќерено варено вино со цимет или со црн пипер што самите го правеа, јадеа домашни пити со праз или со изварка што ги замесила нечија баба, понекогаш некој ќе донесеше и лути домашни свински колбаси, мезеа руска салата од зимниците на нивните мајки и прво дискутираа со саати, за на крајот да завршат со свирка.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Излезе и над тој крај од селото па се врати по долот надолу каде што наиде на селската црква со гробиштата и патот сам го врати пак до средсело каде што сега беше дојдено затворено товарно возило од кое двајца млади луѓе истовараа леб, а продавницата веќе беше отворена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Остатокот од сеќавањата на оваа жена, која сама го подигнала својот син, е ужасна листа на отуѓување, немаштија и физички и ментални страдања.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Се најде кој ука да ми дава како се варди пламенчето на коренот или пак знаеш што значи некој само еднаш да ти бркни во тебе и да те остави со тежина за цел живот а тој да ја цапа дуњата заборавајќи дека некаде го запалил пламенчето на нов живот и ти велам не туку ломоти не ми кажувај како треба да ги довардам знам јас како се вардат оти угол сама го довардив тој што ги оплодил овие семчиња заминувај си од мојот сон остави ме да се соземам утре ќе ми треба многу сила сега си нашол да ме учиш што и како кога пред мене си само сенка!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа што сама го знаеше и што ѝ имале раскажано други, постари од неа. Тешко се разделувавме од неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Од тоа ливче учевме да читаме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Малку ја олабави работата, Пена почна да го фали слаткото и да ја распрашува дали сама го прави или го купува, а Танаско после секоја голтка од ракијата гласно офнува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Предо се загледуваше во нашите ножеви и виљушки, да види како го правиме тоа, па и сам го расече својот ширден правејќи од него партал.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секој сам си пушта вода и таа сама го мие алето како мисур...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа што природата сама го созадава, човекот секогаш треба во чекор да го следи – мудруваше старецот. –Види го темното царство на пролетните мравки!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Засега во градот имаме осум мерни места што сама го регистрираат загадувањето и тоа со оглед на концентрациите на чад и сулфур диоксид.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Чанга прифати, а козите сами го продолжија патот кон дома.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)