сам (прид.) - себеси (зам.)

Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со тоа Србите ги лажеа не само европското јавно мислење и Македонците, туку и самите себеси: тие фатија да ја пропагираат истата идеја и сред Србите со помошта на училишта и книги.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако и ние ја сакаме нашата татковина и самите себеси, тогаш и ние треба да ги претпочитаме нашите месни македонски интереси пред општобугарските, општосрпските, општогрчките.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По патот на не знам кој Мебиусов ефект и претставништвото исто така се свртело против самото себеси и целиот логички свет на политичкото со самото тоа се растурил, отстапувајќи му го местото на еден бесконечен свет на симулација во кој одеднаш никој повеќе не е представен ниту претставува било што, во кој сѐ во ист момент се акумулира и растура, во кој дури исчезнал осовинскиот усмерувачки и спасоносен фантазам на власта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Полуофицијални грчки извори тврдат дека во Грција живеат осумдесет илјади автохтони Словени, кои самите себеси се нарекуваат Македонци.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Конечно, и Првиот завет не бил утврден без крв.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Песната е преобразено битие на нејзиниот автор кој самиот себеси се осмислува во - завет.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Веќе се дени, а јас неброено пати од постелата до прозорецот, и одново до постелата и одново до прозорецот, сѐ дури сам себеси не се фатиш за гуша и не се обзираш што крикнуваш: твојот крик како секавица ја преполовува ноќта и ти којзнае по кој пат осознаваш дека без себеси не се може.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Премногу се замислија самите себеси во слична положба за да можат да не си замерат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Времето му дозволи да се преиспита и самиот себеси и да си побара одговори на некои загадочни прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Претпоставувам дека постои група примитивни дистинкции во рамките на кои го конструираме она што се претставува самото себеси: и нашето прво диференцирано искуство е примарен производ на нашата најпримитивна конструкција и дадената невиност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Онаа песна до бесконечности продолжува Зашто никојпат не е таа сама: сама се чита – сама се пишува: Сама себеси врата – сама себеси клуч
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го слушнав дури од некој зааскитан дел на мојата загриженост и прашањето кое е тоа мое грдо пријателче?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ни оние во кои секогаш беа присутни искуствата на она мое грдо пријателче, што секогаш самото себеси се сожалува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Битието нивно, всушност, многу страда: што сонот им е полн со кошмарни слики исто како нивното јаве, а за капка љубов молат, клечејќи пред самите себеси во нивниот сопствен манастир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
– Луѓето кои сакаат да успеат, да се откријат самите себеси, се подготвени и на најтешките активности.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Јенков ја нацртал таа слика. Сузи била преставена толку уверливо што Генералот заплакал од радост, иако, како што тврдел самиот, никогаш во животот немал плакано од толкаво задоволство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Замисли си, оној Црвенокос ѓавол, како што го крстила Сузи генералот Ролан, го довел својот пријател генералот Јенков во приемната соба на Сузи, и го замолил на најосветлениот ѕид да го наслика „Изгонувањето од Рајот“, се разбира со ликот на Сузи како лик на Ева, а за ликот на Адам се предложил самиот себеси.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вест која радува: младост на обликот (Модилјани) ластерки на личотијата од нов вид - а прстите на цветаева невидливи врз тилот на долгата жешка зима – мимика на притивнат протест сѐ-на-сѐ антиграматика на очајот - спознај се самиот себеси и уште (асоцијации за вратот) теснец кој пулсира – притеснета надеж клисура во која одекнува контрабас а мажите аргонаути, крзнољупци верници од инакви светови не се откажуваат од потрагата: влезот во жената е бескрајно долг да биде волјата ваша слободна!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од каршија - си објасни Анастасија на самата себеси.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)