Заминуваш.
Пред да се појави светлината
насетуваш и чувствуваш
некоја неодолима
не-човечка топлина
се вселува во светот во којшто
сѐ уште живееш
и ти.
Потем светлината сама
ти ги отвора очите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Секој ден слушаш: море, јаки колкови, а цицките, ко зајачки уши кренати, сами ти идат враце .
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)