„Во самото лудило лежи потенцијал да биде сторено дело против законот.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Во секое човечко суштество лежи потенцијал да стори дело против законот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Или самото лудило е прекршување на законот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако нормалноста внимателно се загледа во лудилото, таму ќе ги согледа неподносливите вистини не само за лудилото туку и за себе, па ќе напукне нејзината фасада, ќе исчезне оклопот, и ќе се наѕрат сите ненормалности кои во себе ги носи она што себе се нарекува нормалност, па на местото на разорената нормалност ќе завладее лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако лудилото ја прифати реалноста на нормалноста - ќе ги увиди не-реалностите кои ги создало, и тие ќе исчезнат а со нивното исчезнување ќе исчезне и самото лудило.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)