сам (прид.) - минување (имн.)

Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пароксизмот на сталинистичката гротеска ми беше приреден токму во родниот град, при самото минување на истата граница која, пред триесет и седум години, во времето на фашизмот, ја минавме тајно, низ Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)