Беше еден бел покрив со синикави преливи, што се покреваше од пред него и се извишуваше до самото небо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се надигна од облакодерите и се слеа со самото небо - во една длабока и страшна - неискажлива болка... мајсторот Него не го испратија со свирки, ниту се собраа луѓе пред црквата, на сред село, да играат оро.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Мислиш мојот глас не се придружи на вашите пискотници што се искачија до самото небо?
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Оправдувањето како да добива потврда од самото небо иако и логиката во овој случај добро кооперира со малограѓанскиот суд на искомплексираниот и скржав македонски љубител на уметноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тој ден, раскриваше приказната, од жал заплакало и самото небо и заронило солзи, да ги измие тешките рани на ослепените војници...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И за сето време после, додека гледаше како месецот се изгубува зад белиот раб на шумата, а неговата месечина сѐ повеќе ја сменува една залебдена, синикава заискреност негде под самото небо, која беше денот, увиснат високо над земјата и зачекан да стапне на нејзината поврвнина, Змејко сѐ повеќе стануваше свесен за онаа празнина во неговата внатрешност, што му стоеше препашана како болен појас по целиот стомак, од која и устата и грлото му беа суви и полни некоја запечена горчина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)