Кога авторот ми соопшти дека подготвува ново издание, спротивно од својот обичај да не се товарам со обврски, самиот му се понудив да напишам еден пропратен текст, зашто почувствував потреба да го поздравам излегувањето на ова дело кое и без мене - го кажал тоа некој или не, го знаел тоа некој или не - самото веќе си го обезбедило местото на врвот на македонската раскажувачка уметност.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сами веќе не можеа да одат, што се вели, не ги крепеа нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)