сам (прид.) - дома (прил.)

Шо ќе прави она сама дома? — велеше Стојо.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Митко и Сашо се сами дома. Мајка им е излезена и нема да се врати до вечерта.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мајка ми и татко ми фино си отидоа, а јас не можев затоа што бев мртва болна, згора на сè ме оставија сама дома.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Што се случува сега. Недела е. Пак тој грозен ден. Јас пак сама дома.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Нејзиниот маж беше посебно освежување за нас во собата зашто професорката Душанка му пишуваше цели фермани за тоа што ѝ е потребно: од постелнина со сини облачиња, „младалаче пижамице“, козметика, храна и рецепт за ајвар што треба да го направи сам дома, со двете деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сепак, никогаш не се имаше сама дома враќано и ѝ беше по малку страв.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По некоја недела беше останала жената му на Силјана сама дома и си седела во двор на ругузина та си везела една кошула со црна преѓа, како за вдовица; си везела и си плакала за касметот што го имала, дека без домаќин останала.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
БОРИС: Ти сама дома, тој сам во хотел, внук ми сам во мојот стан, јас ќе одам во подрум со шифоњерите и креденците. Разбирам слобода, ама ова!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
НЕДА: Јас не сакам да останам сама дома. Ќе дојдам и јас со тебе.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Доксим не смее да го истера, а Јон не излегува, И не му текнува да излезе. Ќе ме остави сама дома, ко темница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)