- Атеистичкиот музеј сигурно еден ден ќе исчезне, како и сите други во СССР и другите сателитски земји, но неговото постоење не смее да се заборави! – продолжив иронично.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Идејата како во Албанија, со револуционерен јуриш, да се искорени троверството од сопствениот народ, со забрана на Бог, со забрана на небото за душите, со сите можни облици на душевна тортура, продолжува да биде отелотворена во последниот атеистички музеј на светот, повеќе години откако Советите и неколку други сателитски земји ја увидоа грешката.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)