Постојат вечерни огнови што ни приоѓаат тихо како нечујни летни ѕвезди Дишат околу нас Гледаат со нашите очи Ни ги заѕидуваат сенките во тешки молчеливи кули Огнови што ќе излезат од темнината како свежи извори за усните на утрото.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)